Соопштение за јавност
Стевче Јакимовски потворно не одговори на поставените прашања и наместо да ги обвинува граѓаните за хасот во својата Општина повторно во свој препознатлив стил упатува низа клевети и шири невистини.
Го потсетуваме градочалникот Јакимовски дека граѓаните дават мандат но истите тие граѓани земаат мандат!
За хаосот во општина Карпош не се виновни граѓаните туку арогантното, несовесно и неодговорно однесување на Стевче Јакимовски, партнерот на Никола Груевски.
Бараме јавната расправа за ДУПот во Карпош 3 веднаш да биде прекината до завршување на локалните избори. Последно маатлско катче и зеленило мора да биде заштитено од профитерските намери на Јакимовски, во интерес на граѓаните.
Во однос на изнесените лаги и клевети од страна на шефот на кабинет Љупчо Пренџов и Општина Карпош, упатени кон претседателот на Општинската организација на СДСМ, очекуваме извинување и повлекување, во спротивно ќе следува судска постапка, согласно законите.
Скопје, 24.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА