Соопштение за јавност
Каранфилова Пановска:ВМРО ДПМНЕ прави континуиран упад во извршната, аконодавната и судската власт
ВМРО ДПМНЕ сериозно го загрозува функционирањето на институциите, поделбата на власта и демократијата, посочи заменик-претседателката на Социјалдемокртскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска во интервју за Локално.
При тоа, Каранфилова Пановска предупредува дека ДПМНЕ прави континуиран упад во трите столбови на власта – извршната, законодавната и судската со масовна партизација во јавната администрација, независните комисии и тела, безбедносните структури и судската власт.
„Второстепените комисии и независните агенции се партизираат така што се менуваат законите за да се прекине мандатот на сегашните членови. Советот за независен граѓански надзор над телекомуникациите се пополнува со 5 члена (од вкупно 6) чија единствена релевантна компетенција е тоа што се докажан партиски кадар и активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Во Судскиот совет кој треба да гарантира независност на судската власт се именуваат сопружници и блиски роднини на високи владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ и од ВЛЕН“, вели Каранфилова Пановска.
Во интервјуто таа посочува дека ДПМНЕ Агенцијата за национална безбедност доби директор кој е нелегален и нелегитимен, зошто ниеден од документите кои се бараат согласно конкурсот за избор не му валиден, т.е. и дипломата и сертификатите му се фалсификат.
„Притисокот на ВМРО да издејствува по секоја цена свој партиски послушник за директор во најважната институција која треба да ја гарантира безбедноста на сите нас граѓаните, се заканува да го урниса и кредибилитетот и интегритетот на Државната комисија за спречување на корупција, и воедно надвор од секаква друга логика освен партизација по режимси терк – со законски измени да обезбеди партиски кадар на својот коалиционен партнер ВЛЕН за директор на Државниот просветен инспекторат“, вели Каранфилова Пановска.
Дополнително како што посочува Каранфилова Пановска, Македонија со намера на ВМРО останува на неопределено време заглавена на европскиот пат, со затегнати добрососедски односи и тоа со оние соседни држави кои се членки на ЕУ и од кои државата треба да ја очекува најголемата поддршка.
„ВМРО ДПМНЕ за само шест месеци успеа да ги направи граѓаните уште посиромашни, да воведува практики на владеење кои ја загрозуваат демократијата, владеењето на правото, поделбата на власта, играјќи си со оган да ги злоупотребува меѓу-етничките односи за да креира меѓуетнички тензии и кризи кои ќе служат за дефокус од реалните проблеми и скандалозни политики, за да ја води Македонија во изолација и слепа улица што единствено ќе му помогне за да ги воскреснува и спроведува преоблечени во ново руво, инаку добро познати режимски и авторитарни тенденции и политики“, нагласи заменик- претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.