fbpx

Каранфилова Пановска за Локално: Суштината на Буџетот за 2025 година е парите наместо кај граѓаните-кај елитата на власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Каранфилова Пановска за Локално: Суштината на Буџетот за 2025 година е парите наместо кај граѓаните-кај елитата на власт

Во интервјуто за порталот Локално, заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, посочува дека Буџетот за 2025 година е буџет на една нереална, гломазна проекција, заснована на нереални проекции за пораст на бруто-домашниот производ, и дека нема оправдување во ниедна проекција за растот кои ги прават релевантните финансиски институции дома и надвор.

„Буџетскиот дефицит исто така е проектиран на ниво кое не во согласност со законот, значи имаме незаконско ниво на буџетски дефицит. Буџетот е за жал, само одраз на распиничките тенденции за непродуктивни трошења на власта на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погрешни политики, фокусиран нa удобноста на власта и функцинерите, а не ги одразува потребите на граѓаните и економијата“, вели Каранфилова Пановска.

Во интервјуто Каранфилова Пановска потенцира дека според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте.

„Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци, износ кој ни отприлика не се покрива со две минимални плати. И наместо власта да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати, за поголема минимална плата, за подобрување на животот на граѓаните, сѐ што е предлог за покачување на платите на работниците и обезбедување социјални трансфери за ранливите категории граѓани, го одби“, вели Каранфилова Пановска.

При тоа, таа посочува дека власта не прифати ниту еден амандман на СДСМ а кои беа во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард.

„Од друга страна ги зголемија парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите за дури 75%. Тоа се приоритетите на новата власт. И нема потреба да се оди понатаму, во лажните проекции, во напумпаните бројки. Наместо „скромност“ и „одговорност“ како што ветуваа пред изборите, откако седнаа во фотелјите на Илинденска бб, ја сменија плочата. Суштината на буџетот за 2025 година е парите наместо кај граѓаните да завршуваат кај елитата на власт“, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

Последни вести