fbpx

ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести, секој пензионер оваа година ќе добие 2.160 денари повеќе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на аргументи ги игнорира релеватните вистинити информации и секодјневно измислува нови лажни вести со цел да креира вознемиреност кај граѓаните.

Лага е дека се укинува највеното покачување на пензиите како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека пензионерите за оваа 2017 година ќе добијат многу повеќе од еднократното покачување од 630 денари во 2016, односно секој пензионер оваа година ќе добие вкупно 2160 денари повеќе како резултат на усогласувањето на пензиите со трошоците за живот.

Лицемерието на опозициската партија граѓаните, пензионерите, лесно го препознаваат.

Токму ВМРО-ДПМНЕ ги скрати двете годишни усогласувања на пензиите и со тоа оневозможи пензиите да растат согласно трошоците за живот.

Неуспешни се обидите на ВМРО ДПМНЕ да шири лажни вести, Вадата предводена од СДСМ го подобрува животниот стандард на граѓаните.

Скопје, 22.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести