Соопштение за јавност
Криминалното работење на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се разоткрива.
Поранешни функционери во Управата за јавни приходи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин им овозможиле на 37 фирми да бидат изземени од законските постапки за наплата на милионски долгови, поради неплаќање данок.
Со ова функционерите од ВМРО-ДПМНЕ свесно создавале нелојална конкуренција повластувајќи одредени фирми на штета на сите останати кои редовно си ги плаќале своите обврски кон државата.
Дополнително, со направените штети врз буџетот оштетени се сите граѓани.
Овој скандал е уште еден во низата докази кои јасно укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше спротивно на државните и граѓански интереси.
Владата предводена од СДСМ интензивно работи на санирање на направените штети, создава подобри и еднакви услови за работа на сите фирми, со што им помага во нивниот развој во интерес на сите граѓани.
Заврши времето на привилегираните и непочитувањето на законите во државата на штета на граѓаните и фирмите.
По спроведување на целосната истрага ќе следува одговорност, законот мора да важи за сите подеднакво.
Скопје, 22.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА