Соопштение за јавност
Лицемерно и очајнички е Никола Груевски, човекот што ја презадолжи државата за остварување на сопствени лукративни интереси, денес да глуми загриженост за состојбата во економијата. Лицемерно и очајнички е човекот што договараше и земаше милиони провизии за автопатите, денеска да зборува за нивната изградба. Токму затоа, на Груевски веќе одамна никој не му верува, а повеќе не му веруваат ниту во сопствената партија.
Владата предводена од СДСМ ја унапредува инфраструктурата и ги санира милионските штети на автопатите што се директна последица на неспособноста на претходната Влада и на криминалните апетити на Груевски. Преку одговорното работење на Владата, државата се раздолжува, а парите на граѓаните наместо за барок, палми, тркала и споменици, се користат за поголема минимална плата, повисоки пензии, за помош за стечајците и за зголемена финансиска поддршка на домашните претпријатија.
Заврши времето кога Никола Груевски преку лажни вести и празни обвинувања можеше да ги лаже и манипулира граѓаните. Граѓаните секојдневно сведочат за разликата помеѓу криминалното и деструктивно работење на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и отчетното, чесно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ. Разликата секојдневно е се поочигледна и затоа денес Груевски е во опозиција и токму затоа убедливо ќе ги загуби и претстојните локални избори.
Скопје, 19.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА