fbpx

Провизиите и плацевите се единствените инвестиции за кои знае Груевски, Владата работи на севкупен економски напредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствени странски инвестиции за кои знае Никола Груевски се милионските провозии за автопатиштата, огромните плацови на Водно и стотиците ливади наречени индустриски зони што и денес стојат празни.

Исходот од неговите странски инвестиции, договарани во 4 очи со неосновано потрошени државни субвенции, е случајот со Субрата Рој кога парите на граѓаните се трошеа за вдомувамње на белосветски криминалци.

Поради таквото неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Македонија со години беше на дното во регионот по странски инвестиции.

За разлика од таквиот криминален однос, Владата предводена од СДСМ подеднакво ги помага и домашните и странските инвестиции а се со цел за отворање нови работни места, повисоки плати и севкупен економски раст.

Скопје, 20.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести