fbpx

Милионските штети и провизии за ВМРО-ДПМНЕ се баналност, Владата предводена од СДСМ ги надминува напластените проблеми!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Милионските штети и катастрофалните грешки на автопатот Кичево – Охрид за опозициската ВМРО-ДПМНЕ се баналност. Баналност се и милионските провизии што Никола Груевски ги земаше од овој автопат.

Наспроти таквиот коруптивен и криминален пристап кон инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ активно работи на санирање на штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на натамошен развој на инфраструктурата.

Преку одговорна и посветена работа и преку потпишување на неколку значајни договори во инфраструктурата, Владата предовена од СДСМ ги надминува напластените проблеми, ја развива и модернизира инфраструктурата и го враќа меѓународниот углед на државата што ВМРО-ДПМНЕ со години го поткопуваше.

Скопје, 13.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести