fbpx

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави инфраструктурен пустош, Владата предводена од СДСМ работи на развој и унапредување на инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 годишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција, а пропустите на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се уште еден доказ за тоа.

Со криминалните тендери, договорените провизии и пропустите во изградбата на автопатите, ВМРО-ДПМНЕ нанесе огромни штети врз граѓаните и врз угледот на Република Македонија.

Наспроти таквиот коруптивен и криминален пристап кон инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ активно работи на санирање на напластените штети од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на развој на инфраструктурата.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во инфраструктурата помеѓу Македонија и Бугарија, преку целосната санација на наследените штети и преку добиениот грант од 70 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија, Владата предводена од СДСМ го враќа нарушениот углед на Република Македонија и работи на развој, унапредување и модернизација на инфраструктурата.

 

Скопје, 12.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести