fbpx

Заврши времето на масовна партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе работат во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заврши времето на масовна партизација и злоупотреба на државните институции што беше главна одлика на влаадеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Владата предводена од СДСМ започна процес на ослободување на институциите заробените од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обезбедат независни и професионални државни институции кои што наместо во интерес на поединци и партии, ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

По локалните избори, таквиот процес на ослободување на заробените и партизирани институции ќе продолжи и на локално ниво. Секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество што ќе пружа еднакви можности, а лицата кои вршеа притисоци и сееа омраза, повеќе нема да смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки.

Скопје, 12.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести