fbpx

Срамно, Власта има Буџет од 6 милијари едвра а не сака да ги покачи платите на работниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Срамно, Власта има Буџет од 6 милијари едвра а не сака да ги покачи платите на работниците

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор.
Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле.

За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата, но не и за поголеми плати за работниците.

Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.
Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%.

СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор.

Последни вести