Соопштение за јавност
Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ положија цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци.
Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Линдита Шаќири, советничка во Совет на Град Скопје од редовите на СДСМ и коалицијата и Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба, учествуваше во оддавањето почит на државно ниво на повеќе споменици на херои во главниот град и положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена борец и пред спомениците на Никола Карев и Методија Андонов – Ченто.