Соопштение за јавност
Преку криминалното и расипничко трошење на парите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски 11 години ја задолжуваа државата и граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеа за луксуз и криминално богатење на поединци.
Токму ВМРО-ДПМНЕ преку криминалните тендери, лажните проекти, луксузирањата и договорените провизии, кратеше и од граѓаните и од Македонија и стана најбогата партија во Европа, додека мнозинството граѓани живееше во долгови и сиромаштија.
За разлика од таквиот расипнички и криминален однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги рационализира трошоците, ги намалува долговите и парите ги насочува назад кон граѓаните. Ребалансот на буџетот ги крати трошоците за луксуз, реклами и репрезентации и обезбедува повеќе пари кај граѓаните преку зголемена минимална плата, укинување на радиодифузната такса, трајно решавање на проблемот на стечајните работници и силната поддршка за домашните претпријатија.
Скопје, 01.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА