fbpx

Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, сите нивни лаги за Филипче се разобличени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, сите нивни лаги за Филипче се разобличени

СДСМ продолжува да ја информира јавноста за вистината во врска со лажните обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи ги пласираа за случајот со Клиниката за онкологија.

Документите кои вчера беа презентирани јасно покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле согласно законските процедури, а шестмесечните извештаи од Клиниката за онкологија биле редовно подготвувани.

Обвинувањата на Мизрахи кон Филипче дека е одговорен за тоа дека „никогаш не биле формирани стручни комисии“ и дека „недостасувале шестмесечни извештаи“ не се само неточни, туку и намерни обиди за манипулирање со јавноста.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи. Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.

СДСМ ја повикува Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ на јавно извинување за пласирањето на лажни и неосновани обвинувања. Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните.

Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината, а сите политички манипулации кои ја загрозуваат довербата во здравството мора да бидат разобличени.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и истрага за овој случај.

Последни вести