Соопштение за јавност
Со донации за лекови не се менаџира кризата на Онкологија – Клековски, Таравари и Стојковски да поднесат оставки
Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија.
Наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови власта ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.
За хуманитатната катастрофа на Онкологија и голготата низ која поминуваат пацинетите мора да има одговорност од оние кои не управуваат со Клиниката и со здравството а не презеле мерки да се обезбедат лекови на време.
Бараме директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.