fbpx

ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да врши притисок врз судството, владеењето на правото е врвен национален и државен интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во страв од соочување со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ преку празни и рециклирани прес-конференции секојдневно очајно се обидува да изврши притисок врз судството и да го попречува владеењето на правото.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски преку „Сваровски“ судството и судиите од тефтерoт на Гордана Јанкуловска монтираа случаи, вршеа прогон, се пресметуваа со неистомислениците. Заврши времето кога судските пресуди се нарачуваа и пишуваа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Реформите во судството зацртани во реформскиот План 3-6-9 кои ќе се спроведуваат согласно најдобрите европски пракси, обезбедуваат професионално и независно судство, ослободено од какви било партиски притисоци и контроли. Владеењето на правото е врвен државен и национален интерес и затоа секој оној кој направил какво било кривично дело ќе мора да одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било припадност.

Скопје, 25.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести