Соопштение за јавност
Единствениот резултат од работата на Ванчо Костадиновски и ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството се понижени и уценети земјоделци и потрошени илјадници евра пари на граѓаните за плаќање скапи ручеци, спа третмани и хотелски ноќевања. ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со земјоделците, а субвнециите и другите мерки за помош ги злоупотребуваше за да врши притисок, поткуп и уцени врз вистинските земјоделци. Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ преку партиски контролирани кадри продолжува да манипулира и очајнички се обидува да профитира на маката на земјоделците.
Владата предовдена од СДСМ активно работи на надминување на проблемите, преку мерки што ќе ја стабилизираат цената на лубениците, и ќе ги санираат штетите на производителите на бостан. Проблемот со откупот на лубеници, како и другите напластени проблеми, се решава интензивно и во содејство со земјоделците и со откупувачите. Покрај дополнителните субвенции од 2 денари за секој продаден килограм, договорен е и поголем откуп на лубеници кој веќе се остварува.
Владата предводена од СДСМ продолжува со воспоставената пракса за сеопфатна грижа за сите категории граѓани и решавање на сите проблеми кои се последица од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 19.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА