Соопштение за јавност
Tајното и расипничко задолжување што ВМРО-ДПМНЕ го правеше за криминално богатење и луксузирање на сметка на осиромашените граѓани, резултираше со јавен долг од над 50% од БДП и околу 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.
Таквото безобразно и нерационално трошење на парите на граѓаните заврши. Новата Влада предводена од СДСМ преку одговорно работење за само неполни два месеца врати 122 милиони евра за долгови, а вкупниот долг успеа да го намали за околу 55 милиони евра.
Новата Влада предводена од СДСМ става крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции, а парите ги враќа назад кај граѓаните. Предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови.
Скопје, 19.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА