fbpx

ВМРО-ДПМНЕ беше противник на укинувањето на радиодифузната такса, сега дволично и безидејно копира проекти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Лицемерниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен приказ на безидејноста и очајнички обид преку предлагање на копирани мерки и проекти, да се сокрие криминалот и грабежот на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше валкана пропаганда и ја наплаќаше директно од џебот на осиромашените граѓани, а на секој предлог за укинување на радиодифузната такса, силно се противеше. Денес, дволично и лицемерно, потценувајќи ги граѓаните, предлага мерки кои се дел од Програмата на новата Влада и кои наскоро ќе станат реалност.

Ваквата недоследност и погазување на сопствените ставови, само ја докажува несериозноста и неодоговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не ги сфаќа сериозно ВМРО-ДПМНЕ кои до вчера силно ја бранеа радиодифузната такса, а денес се залагаат за нејзино укинување.

Радиодифузната такса ќе биде укината, како што и е предвидено во Програмата Владата предводена од СДСМ, без разлика што за тоа мисли дволичното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 09.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести