fbpx

Спасовски: Наша приоритетна цел е младите да ја проектираат и да ја градат својата иднина во сопствената татковина, во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На последниот ден од Летниот камп на СДММ се одржа дебата со Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи.

Во своето обраќање Спасовски говореше дека токму младите се оние кои со својот ентузијазам, енергија и авангардност придонесоа да се случат демократските промени.

„Заедно со младите, со граѓаните, со прогресивните сили во општеството придонесовме промените да се случат. Сега заедно работиме во отворањето нови песпективи за младите и нивна интеграцијата во општеството. Наша приоритетна цел е младите да ја проектираат и да ја градат својата иднина во сопствената татковина, во Македонија“ рече Спасовски.

Како реформска Влада пристапуваме системски кон решавање на проблемите во интерес на младите, на граѓаните.

„Затоа главниот акцент е ставен токму врз мерките со кои ќе се подобрат животот и стандард, а младите ќе дојдат полесно до прво вработување. Воведување на проект „Гаранција за младите”, ќе обезбеди во период од четири месеци по завршување на школувањето секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да стапи на пракса или тренинг за подготовка за вработување. Тоа е реална младинска политика и јадро на политиките за вработување“ додаде Спасовски.

Во своето обраќање Спасовски рече дека транспарентниот и одговорен начин на владеење подразбира и политики на правда и правичност за секој. „Во Македонија ќе има одговорност за секој кој го прекршил законот, чесното и транспарентно работење ќе бидат реалност“, истакна Спасовски.

Скопје, 09.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести