fbpx

Филипче за ТВ Клан: ДПМНЕ ги донесе граѓаните историски најбрзо до просјачки стап

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче за ТВ Клан: ДПМНЕ ги донесе граѓаните историски најбрзо до просјачки стап

„Ценовните шокови и ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните, да го искористам омилениот израз на владините преставници, ова е историски најбрзо носење до просјачки стап, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија.

Филипче во интервјуто потенцираше дека според анализите секој втор граѓанин има помалку пари од минатата година овој период.

„Ценовните шокови ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат а Владата ништо не прави да ги сконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници, историски најбрзо носење до просјачки стап. Тоа е страшно осиромашување на граѓаните. Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ,но Владата не се грижи. Некако ја пуштија работата да се менаџира самата со себе. Од Владата велат нека се договорат работодавачите и работниците. Исто како што ги оставија сами маркетите да одредуваат цените, па сега имаме за 6.000 денари поскапа кошничка од пред неколку месеци, што е страшен ценовен шок за граѓаните. Граѓаните не можат да ги платат основните продукти“, рече Филипче.

При тоа, Филипче посочи дека во овие изминати месеци власта се однесува делумно и како опозиција, не престанувајќи да ја критикуваат СДСМ и да бараат причини за нивните несупеси.

„Поддржуваат протести на граѓаните за проблем коишто Владата треба да го реши. Оваа Влада не испорачува тоа што треба. Сметам дека Владата во првите месеци јасно покажа дека на власт дојдоа со лажни ветувања, секојдневно се разобличува лага по лага,нема никакво чувство на одговорност, ниту пак да преземеат одговорност за нивните постапки“, рече Филипче.

Говорејќи за тоа што треба да се преземе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, Филипче посочи дека Владата покажа тотална незаинтересираност и за предлозите на СДСМ за пораст на минималната плата и за укинување на ДДВ за прехранбените производи.

„Поднесуовме закон за минимална плата. Најмалку две минимални плати иако сметам дека треба и повеќе, се потребни за да ја покријат потрошувачката кошничка, но власта тоа го одби. Не дозволија ниту дебата во Собранието. Нема ниту една причина да не се продолжи нашиот воспоставен систем на раст на платите. Не гледам причина зошто Владата не ги зголемува платите. Предложивме и една мерка за да се намалат цените на прехранбените производи, за основите прехранбени производи да се укине ДДВ од 5%, и тоа го одбија.Мислам дека се незаинтерисирани за граѓаните и за државата“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести