fbpx

Филипче: Дали власта се откажа од Планот за раст вреден 800 милиони евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најавата за распуштање на Судскиот совет има два аспекти, еден од нив на којшто треба да одговори власта е дали се откажа од Планот за раст вреден близу 800 милиони евра, потпишан од Владата, премиерот и Брисел, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија.

-Дали дефинитивно се откажуваме од близу 800 милиони евра кои се влезени во Планот за раст за нас, од вкупниот пакет од неколку милијарди евра за Западен Балкан, коишто се врзани со исполнување на реформите? Бидејќи таму стои дека тој Судски совет не може туку така да се распушти. И тоа е едно сериозно прашање, рече Филипче.

Реформата во правосудството е една од главните теми за коишто сметам дека треба заедно да седнеме сите политички партии, потенцираше тој.

-Спремен сум тоа да го иницирам и преку Националниот совет за евроинтеграции каде што сум претседател. Тоа е широк форум учествуваат сите партии, граѓански и меѓународни организации. Да повикаме експерти и од странство доколку е потребно и да видиме што и на кој начин треба да се направи. Затоа што било каква еднострана интервенција во судството нема да значи реформа туку партизација и затоа вториот аспект е како тоа да се направи за што ни е потребен национален консензус, надпартиски и надетнички, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести