Соопштение за јавност
Никој во историјата на независна Македонија не направил толкави штети врз економијата како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење.
ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше тајно и неконтролирано и го криеше јавниот долг кој достигна и над 50% од БДП. Парите набавени од скапите заеми се трошеа за луксуз, скапи споменици, лажен барок и криминално богатење на поединци. Заради таквото неконтролираното и прекумерно задолжување на граѓаните и нетранспаретното раководење на јавните финансии, кредитните агенции, како Стандард и Пурс го намалија кредитниот рејтинг на земјата, а заради лошите економски политики Македонија плаќа едни од највисоките каматни стапки за задолжувањата на меѓународните пазари.
Времето на неконтролирани и тајни задолжувања заврши. Промените во економијата се гледаат. За секое задолжување, Владата транспарентно ја известува јавноста и секој преземен чекор е во согласност со интересите на граѓаните. Заврши времето на децениското расипничко и нетранспарентно трошење на буџетските средства. За сите злоупотреби на пари на граѓаните, ќе следува одговорност!
Скопје, 06.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА