fbpx

Радиодифузната такса ќе се укине согласно програмата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ испраќа лицемерни пораки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека укинувањето на радиодифузната такса е „апсурдна и неука идеа на СДСМ“ а денеска лицемерно поднесува предлози за укинување токму на радиодифузната такса.

Граѓаните го препознаваат лицемерито на ВМРО-ДПМНЕ.

Како и во изминатите години, така и за време на пржинскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на барањето на СДСМ, Јавниот сервис да се финансира од Буџетот, за да се намалат трошоците и да се спречи блокирање сметки на граѓаните.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за потребите на граѓаните одамна ќе ја укинеше оваа давачка, но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ упорно ги игнорираше барањата на граѓаните и на СДСМ. Затоа, денеска, ВМРО-ДПМНЕ напразно провоцира со предлози кои се дел од Програмата на новата Влада и кои наскоро ќе се остварат.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе ги оствари сите дадени ветувања, вклучително и укинувањето на радиодифузната такса. Сите зацртани реформи, вклучително и реформите во медиумите ќе се спроведуваат со сериозен пристап, преку јавна дебата и вклученост на сите засегнати страни.

Скопје, 05.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести