Соопштение за јавност
Режимот замина во минатото, а со него заминаа и криминалните зделки преку кои ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски цели 11 години ги осиромашуваа граѓаните.
Резултат на таквото криминално владеење се 500.000 граѓани кои беа оставени да живеат под прагот на сиромаштија.
Граѓаните имаа прилика да слушнат преку проектот „Вистината за Македонија“ како на нивна штета Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ договараат да земат милионски провизии за изградба на автопатишта, луксузни парцели на Водно, скапо платен мерцедес од 600.000 евра по вкус, желба и нарачка директно од Никола Груевски
Времето на расипништво и криминал заврши. Доаѓа време кога мора да има и ќе има одговорност за сите злоупотреби и направени криминали изминативе 11 години кои им нанесоа огромни штети на граѓаните на Р.Македонија!
Скопје, 01.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА