Соопштение за јавност
Децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нанесе огромни штети врз економијата и остави околу 500 000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата, додека раководствто на ВМРО-ДПМНЕ екстремно се богатеше.
Резултатите од политиките на привлекување странски инвестиции на претходната Влада беа поразителни. Скапо платените економски промотори освен што трошеа пари на граѓаните за нивни и прошетки на нивните блиски низ светот, не ги постигнаа очекуваните резултати. Доказ за тоа се и бројните наводни индустриски зони што и денес се само празни и оградени ливади, како и фактот дека Македонија со години наназад е една од земјите со најмалку странски инвестиции во регионот.
Наместо да работи на континуирано подобрување на конкурентноста, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на лажен барок, криминални тендери и скапо платени советници, занемарувајќи ги потребите на граѓаните и компаниите.
Таквото време на расипништво на парите на граѓаните заврши. Следува време во кое и странските и домашните компании ќе бидат квалитетно поддржани за да се отворат нови и подобро платени работни места, што ќе значи повисоки плати и помала невработеност, што ќе придонесе кон свекупен економски раст.
Скопје, 02.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА