fbpx

Преку злоупотреби, деструкција и насилство, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше на богатење на поединци на сметка на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Штетите од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегуваат на површина. Пропустите на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, презадолженоста на училишта и болници, неспособноста да се исполнат обврските од УЕФА, вртоглaво високите хонорари за партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ, се само дел од проблемите што зад себе ги остави неспособното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите и манипулациите што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги изнесува, нема да ги спасат од одговорност за предизвиканите штети врз граѓаните и државата. Брзањето да се земат огромни провизии, да се реализираат наместени тендери, како оној за молерофарбарски услуги доделен на фирма сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски и алчноста за лично богатење на сметка на граѓаните, резултираа со дополнителни штети врз Буџетот и со нарушување на угледот на Република Македонија.

Секое делување на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години беше во функција на богатење на раководството на партијата преку злоупотреби, деструкција и насилство, на сметка на граѓаните и нивните интереси.

СДСМ, преку Владата што ја предводи ги поправа штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ и започнува со спроведување реформи што носат добро за сите. Започнува процес на професионализам, отчетност и чесност, но и процес на враќање на правото и правната држава. Ќе има одговорност за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните.

Скопје, 28.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести