Соопштение за јавност
Започнат е процесот на ослободување и професионализација на државните институции од 11 годишното партизирање и угнетување што го спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ.
Државните институции ќе работат исклучиво во интерес и за потребите на граѓаните. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ со невидени притисоци, закани и уцени ги узурпираше институциите и ја поклопуваше државата со партијата.
ВМРО-ДПМНЕ со скандалозното и непрофесионално однесување нанесе огромни штети на граѓаните и по Буџетот на Р.Македонија. Од џебот на граѓаните на Р.Македонија изминативе 11 години се исплаќани огромни хонорари во висина од неколку илјадници евра за фиктивни договори во државните институции, а исто така се исплаќани и плати на вработени кои воопшто не се појавувале на своите работини места.
СДСМ преку новата Влада ќе ги санира ваквите огромни штети и никогаш нема да дозволи ниту еден граѓанин да биде над законите и над останатите граѓани, само затоа што е член или активист на некоја политичка партија, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ! Започнат е процесот на професионализација и департизација на институциите кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните на Р.Македонија!
Скопје, 27.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА