Соопштение за јавност
Огромните пропусти во изградбата на автопатните делници Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишното владеење наместо за интересите и потребите на граѓаните, единствено се грижеше за богатење на партиското раководство.
Неспособноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и брзањето да се земат договорените провизии, за кои целата јавност можеше да чуе, резултираа со огромни пропусти во изградбата на автопатите кои според првичните проценки, ќе чинат повеќе од 100 милиони евра, пари на граѓаните.
Изнудените дополнителни трошоци направени заради неспособноста на претходната Влада одат на директна штета на граѓаните и чинат речиси колку и вкупните субвенции за една година за сите земјоделци во Македонија што претходната Влада ги исплаќаше со големи задоцнувања. За сметка на личното богатење, Никола Груевски и неговите соработници го осиромашија Буџетот и истовремено го нарушија угледот на Република Македонија.
Владата предводена од СДСМ активно работи на поправање на штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ, но и спроведување реформи во интерес на граѓаните кои носат добро за сите. Ќе се најде решение за пропустите што се направени во проектирањето на автопатите и проектите ќе се реализираат во интерес на граѓаните. Истовремено, ќе има и целосна ревизија на сите започнати инфраструктурни проекти, а за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните ќе следува одговорност.
Скопје, 28.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА