fbpx

Започнува процес на интензивна парламентарна соработка помеѓу Македонија и Франција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Потпретседателите на СДСМ и пратеници во Собранието на Р.Македонија, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Фросина Ременски и Благој Бочварски, денеска остварија средба со амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристиан Тимоние. На средбата се разговараше за текот на реформските процеси и поголема соработка помеѓу Македонија и Република Франција, при што заеднички беше заклучено дека претстојните месеци ќе бидат клучни за реформите во Република Македонија и дека постои потреба од поинтензивна соработка помеѓу парламентите на двете држави.

„Влегуваме во процес на инклузивност и градење на ново и интегрирано општество какво што е и француското и важно ќе биде да ги споделиме искуствата со француските пратеници“ посочи Петре Шилегов.

Фросина Ременски истакна дека добрососедските односи, надворешните работи и реформскиот процес се клучни за Собранието на Р.Македонија и за Владата предодена од СДСМ. Ременски посочи дека Собранието ќе има важна улога во реформскиот процес и тогаш опозицијата освен декларативно, ќе мора и во пракса да покаже колку навистина ќе се ангажира околу интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Треба многу да се работи на меѓупартискиот дијалог во Собранието, особено по настаните од 27 април. Освен отстапките од парламентарното мнозинство, потребно е и опозицијата да направи чекори на помирување, бидејќи во спротивно дискусијата во Собранието и собраниските комисии, ќе оди тешко“ порача Мухамед Зекири, додавајќи дека неговото назначување за потпретседател е историски исчекор и продолжение на процесот на отворање на партијата што започнал пред три години.

Благој Бочварски изрази надеж за поинтензивна соработка помеѓу двете земји и го поздрави ангажманот на Република Франција, која како еден од столбовите на ЕУ, го трасира патот на Македонија и на западниот Балкан кон интеграција и полноправно членство во Европската Унија.

 

Скопје, 27.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести