fbpx

Заврши времето на системско уништување на економијата, зацртаните реформи носат економски раст и добро за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заврши времето на системско уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога мала група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ енормно се богатеше, додека останатите граѓани преживуваа. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата ќе останат запаметени по катастрофалните штети што оваа партија ги нанесе врз економијата и граѓаните. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ затвори над 10 000 домашни фирми, турна 500 000 граѓани под прагот на сиромаштијата, а 180 000 граѓани преживуваа само со 40 денари дневно.

Воведувањето на праведен даночен систем, во кој оние кои заработуваат повеќе ќе плаќаат повеќе од оние кои заработуваат помалку, ќе го намали јазот на економската нееднкавост и ќе изврши корекција на неправедната распределба на доходот и општественото богатство.

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи ќе ги поправи штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во економијата. Преку зацртаните реформи, Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди праведно оданочување, нови работни места и зголемување на платите, што ќе доведе до севкупен раст на економијата и добро за сите граѓани.

Скопје, 25.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести