fbpx

Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ го наруши угледот на Македонија, ќе има одговорност за сите злоупотреби!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави сериозни штети врз интересите на државата и граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија.

Огромните пропусти во изградбата на авотпатните делници Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип предизвикаа огромни штети врз граѓаните и државата и дополнително сериозно го оптоваруваат Буџетот на Република Македонија.

Претходната Влада предовдена од ВМРО-ДПМНЕ и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, го нарушија угледот на Република Македонија и го загрозија организирањето на УЕФА Суперкупот, најголемиот спортски настан одржан во независна Македонија. Ненавременото исполнување на преземените обврски од страна на претходната Влада и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, ќе чини дополнителни два милиони евра.

Граѓаните секојдневно сведочат како владеело ВМРО-ДПМНЕ. Преку наместени тендери како оној за молерофарбарски услуги доделен на фирма сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски, преку огромни задолжувања на училиштата и болниицте, преку партиски вработувања без соодветно образование и огромни хонорари за партиските војници, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги осиромашуваше граѓаните и ги уништуваше институциите.

Владата предовена од СДСМ активно работи на поправање на штетите предзивикани од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе бидат санирани штетите на спорните автопати, ќе бидат завршени сите обрвски околку стадионот и ќе има УЕФА Суперкуп во Скопје. Ќе има и одговорност за сите злоупотреби на институциите и на парите на граѓаните.

 

Скопје, 25.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести