Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да внесува раздор преку својата политика на поделби, затвореност, тајност и манипулација и лажење на граѓаните, со што работи на директна штета на државните и интересите на граѓаните. Токму со таквата антидржавничка политика, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја поткопуваше меѓународната позиција на Македонија и ја изолираше од демократскиот и цивилизран свет.
Граѓаните на Република Македонија имаа прилика да слушнат дека токму Никола Груевски тајно и далеку од очите на јавноста преговараше и договараше промена на името, со што се повтрди дека работи спротивно на државните и национални интереси.
За разлика од тајното преговарање на ВМРО-ДПМНЕ за стратешките прашања, Владата предводена од СДСМ работи транспарентно и отворено, во заштита на националните и државни интереси, во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи и согласно интересот и потребите на граѓаните.
Скопје, 22.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА