Соопштение за јавност
Заврши времето на изолација и конфликти со демократскиот цивилизиран свет во коешто ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели 11 години.
Дојде крајот на тајното преговарање и држењето на јавноста и граѓаните во информативен мрак во врска со односите што ги воспоставува нашата земја со соседните земји и меѓународната заедница.
Новото време на слободата и демократијата е тука. Тоа е време на соработка, пријателство и добрососедство што ќе придонесе кон економски развој на земјата и перспективна иднина за граѓаните на Република Македонија.
Граѓаните се и ќе бидат транспаретно информирани за секој следен чекор во комуникацијата на нашата државата со соседните земји и меѓународната заедница со цел да се интензивираат интеграциските процеси на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија и НАТО.
Македонија и нејзините граѓани се уверени во својот национален идентитет, без разлика дали тоа му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ или не!
Скопје, 23.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА