fbpx

Инвестициите во енергетиката никогаш не беа во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се ревидираат сите сомнителни тендери!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицковски нема право да ветува ништо повеќе, туку треба да одговори зошто 11 години се распишуваа сомнителни тендери, наместо ЕЛЕМ сам да врши ископ на јаглен и јаловина.

Цели 11 години, стотици милиони евра се одлеаа по фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ, преку ангажирање на надворешни фирми, за што се водат и кривични процеси пред судовите.

Денешната најава за распишување на два нови тендера само потврдува дека во овие 11 години, капиталните инвестиции во енергетиката никогаш не биле во фокусот и интересот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Никола Груевски.

Сите тендери внимателно ќе бидат темелно ревидирани од новото раководство чиj врвен приоритет ќе биде зголемување на домашното производство, но и реализација на клучните енергетски капацитети.

Скопје, 15.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести