fbpx

Наместо преку тајно преговарање како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, стратешките одлуки ќе се носат преку инклузивен процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стратешка определба на Р.Македонија од нејзиното осамостојување до денес е полноправно членството во ЕУ и НАТО.

На тој евроинтеграциски пат, новата реформска Влада предводена од СДСМ одлуките ќе ги носи преку инклузивен процес и сите стратешки прашања ќе се решаваат во конзензус со опозицијата, широката јавност и граѓанското општесто, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и договараше промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ работеше против државните и национални интереси со блокадите што ги направи на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ треба час поскоро да престане да измислува нови лаги и манипулации на оваа тема и целата енергија што непотребно ја троши да ја насочи кон конструктивно делување и вклучување во реформските процеси што следат, за доброто и иднината на граѓаните и државата.

Скопје, 14.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести