fbpx

Новата Влада предводена од СДСМ ќе ги поправи економските штети што ги направи ВМРО-ДМПНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата Влада ќе обезбеди реален пад на невработеноста и ќе ги поправи економските штети што ги направија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Новите ефикасни економски политики на новата реформска Влада предводена од СДСМ ќе придонесат кон заздравување на уништената економија, а како резулатот на тоа ќе има нови реални работни места и повисоки плати.

Резултатот на ВМРО-ДПМНЕ од спроведувањето промашени економски политики цели 11 години се 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија и 626.312 исселени граѓани од државата.

Завршува времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку бришење на невработените од евиденција, нарачани бројки од контролирани институции, иселувањето на младото работоспособно население можеше да прикажува фиктивно намалување на невработеноста.

Нелогично е намалување на невработеноста во првото тромесечје оваа година во услови кога економијата стагнира заради блокадите и опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше во обид да го спречи формирање на новата Влада.

Граѓаните ја добија својата демократска Влада којашто ќе обезбеди институции кои ќе профункционираат во служба на граѓаните и којашто ќе ги поправи огромните економски штети што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им ги направија на граѓаните и државата.

 

Скопје, 11.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести