fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува дебатите и реформите што носат квалитетен живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата реформска Влада предводена од СДСМ со своето работење покажува како се работи во интерес и служба на граѓаните.

За само неколку денови од работата на новата реформска Влада, граѓаните веќе ги чувствуваат промените кои носат квалитетен живот за сите. Учениците, наставнците и родителите се ослбодени од стресот што им го предизвикуваше непотребното екстерно тестирање. Заврши времето кога без консултација на граѓаните, на засегнатите страни и широката граѓанска јавност се носеа вакви штетни и неквалитетни проекти.

Спроведувањето на зацртаните реформи ќе се одвива посветено, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните, наместо избрзано, насилно и за криминални интереси, како што 11 години тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Демократските процеси се движат напред кон враќање на правдата и правната држава, економска стабилност и напредок како и кон отворање на перспективите на земјата во ЕУ и НАТО интеграциите што ќе донесат квалитетен живот за сите граѓани на Р.Македонија. Никој, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува дебатите и реформите што носат квалитетен живот за сите.

 

Скопје, 10.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести