fbpx

Невработеноста ќе се намалува реално, а не декларативно, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Невработеноста ќе се намалува реално и тоа ќе го чувствуваат сите граѓани, а не декларативно како што досега правеше ВМРО-ДПМНЕ, преку нарачани бројки од контролирани институции, бришење од евиденција на невработените лица и иселувањето на младото работоспособно население надвор од државата.

Нелогично е да се намалува стапката на невработеност во услови кога економијата стагнираше заради блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ на демократските процеси за формирање на новата Влада. Потребен е економски раст што ќе ги апсорбира новотворените работни места.

Новата реформска Влад предводена од СДСМ има капацитет, знаење и умешност преку поддршка на домашните фирми и одговорно менаџирање со ресурсите што ги поседува земјата да обезбеди тој реален економски раст за реални работни места и вистински пад на невработеноста.

Заложбите на новата реформска Влада предводена од СДСМ се во насока на враќање на институциите во служба на граѓаните. Сите државни институции ќе работат транспарентно и објективно и ќе профункционираат во служба и интерес на граѓаните на Р.Македонија.

Скопје, 10.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести