Соопштение за јавност
Децениската изолација на Македонија поради криминалните интереси на Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заврши со формирањето на новата реформска и демократска Влада предводена од СДСМ.
Лицемерно е од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за евро-интеграции кога за 11 години власт, правеа се за да ја оддалечат Македонија од евро-атлантските интеграции.
Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи и ги придвижува интеграциските процеси за членство во ЕУ и НАТО како врвен државен и граѓански интерес. За таа цел, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција, активно да ги поддржат реформите што значат продолжување на интегративните процеси на Р. Македонија.
Скопје, 11.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА