Соопштение за јавност
Екстерното тестирање ќе остане забележано како една од најголемите антиреформски мерки спроведена од ВМРО-ДПМНЕ. Екстерното тестирање правеше само штети и се користеше за казнување и за вршење притисоци на наставниците, а поради тоа од стрес страдаа децата, родителите и наставниците.
Преку избрзани, гломазни и нефункционални проекти кои беа на штета на учениците, наставниците и родителите, ВМРО-ДПМНЕ го урниса образовниот систем. Доказ за тоа се и дел од учебнциите кои содржат нелогичности и катастрофални грешки во содржините, како и ПИСА тестирањето, каде што поради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати по писменост во светски рамки.
Новата Влада предводена од СДСМ, ќе изгради образовен систем по успешни европски практики во соработка со сите засегнати страни .
Наместо наслино наметнување на несоодветни екперименти како Кембрич програмата и екстерното тестирање, сите идни мерки ќе се носат преку јавна дебата со сите засегнати страни, а реформите ќе бидат исклучиво во интерес на наставниците, професорите , учениците и нивните родители.
Скопје, 09.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА