fbpx

Запуштениот скапоплатен Мерцедес е најдобар доказ за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон интересите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целата јавност преку проектот Вистината за Македонија имаше можност да чуе, а денеска и да види, како парите на граѓаните се трошеле за исполнување на луксузните желби на Никола Груевски.

Додека илјадници граѓани беа на прагот на сиромаштија, додека Македонија секојдневно скапо се задолжуваше, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со пари на граѓаните нарачуваа автомобил од скоро 600 000 евра, а потоа го оставија да скапува далеку од очите на јавноста.

Односот кон скапоплатениот Мерцедес кој со буџетски пари беше купен по желба на Груевски во време кога полицијајците носеа искинати обувки и униформи и потоа запуштен, е најдобар доказ за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон државните и кон интересите на граѓаните.

 

Скопје, 10.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести