fbpx

Владата предводена од СДСМ ќе ги заштити жените работнички, ВМРО-ДПМНЕ работеше само за заштита на интересите на Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да предложува и усвојува законски измени и нови закони што ќе ги унапредуваат работничките права, особено на жените работнички. Но, наместо вистинска грижа за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше посветено единствено на исполнување и заштита на криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници.

СДСМ, пратениците од СДСМ и коалицијата и новата реформска Влада ќе работат на унапредување и заштита на работничките права, особено на жените работнички. За таа цел, преку сет законски измени ќе се унапреди работно законодавство со дополнителна заштита на бремените жени работнички.

Конкретниот предлог закон односно законските измени поднесени од граѓанската иницијатива беа проследени со низа формално-правни неправилности и мораше да бидат вратени назад на доработка. СДСМ и сите пратеници од парламентарното мнозинство се сложуваат дека треба да има поголема заштита на бремените жени работнички и измени во делот на породилното отсуство во Законот за работни односи, но и дека најдобро и најефикасно е измените да се носат во пакет по одржување на широка јавна дебата со сите засегнати страни.

 

Скопје, 09.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести