fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да не го злоупотребува Тодоров за политички цели, случајот целосно да биде раcветлен!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните ги препозаваат лажните информации и политички злоупотреби од ВМРО- ДПМНЕ и тие не се решение за напластените проблеми во државата, исто како што не се решние ни инциденти како тој врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, што СДСМ остро го осуди.

Очекуваме целосно расветлување на случајот во интерес на правдата и вистината. Секој кој сторил протвзаконско дело, мора да се соочи со правдата.

Повикуваме, раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое што цела деценија владееше со насилство, закани, уцени да престане да ги вознемирува граѓаните со конструкции, да поттикнува омраза, насилства и нетрпелливост и да се издигне во одговорна опозициска партија.

Интерес на граѓаните на Република Македонија е поддршка на демократските процеси во Македонија од сите, што подразбираат и правда и еднаквост пред законите за сите.

 

Скопје, 04.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести