Соопштение за јавност
СДСМ како што се обврза пред граѓаните на Република Македонија, ќе предводи реформска Влада којашто ќе обезбеди достоинствен живот, правда и евро-атлантски перспективи за граѓаните и за Република Македонија.
Ќе има реформи што ќе обезбедат повисоки плати и нови работни места, преку државна
поддршка на домашните претпријатија повисока од досега. Ќе има редовни субвенции и повисоки, од 160 милиони евра. Ќе има реформи во правосудството преку реизбор според најдобрите европски практики. Ќе има независни и професионални институции и медиуми.
Ќе бидат земени предвид сите забелешки во извештаите на Прибе и на Европската комисија и ќе бидат отворени евро-атланстките интеграции на Македонија.
11-годишното владеење на Никола Груевски донесе само излозација, сиромаштија, масовно иселување на граѓаните, заробени институции, криминал и корупција, ги сруши образовниот и здравствениот систем. Владдењето на Груевски и неговите соработници е најголемото антиреформско владеење во историјата на Македонија. Секој проект, секоја мерка што тие ги спроведуваа беа на штета на граѓаните и државата.
Најголемата реформа на Никола Груевски и неговите соработници беше тоа што во време на најголема сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата партија во Европа. Секоја таканаречена
реформа на Груевски го зголемуваше неговото лично богатство и неговите соработници и фамилијата, а го правеше полош животот на сите други граѓани.
Владата предводена од СДСМ, посветено и транспарентно ќе работи на зацртаните реформи коишто добија поддршка од мнозинството граѓани на изборите и коишто ќе донесат напредок,
правда, еднаквост и живот за сите во Македонија. Ништо повеќе не зависи од волјата на
Никола Груевски.
Скопје, 04.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА