Соопштение за јавност
Иако скоро 11 години имаше шанса да ги придвижи евроинтеграциските процеси за доброто на граѓаните на Р. Македонија, Никола Груевски правеше се за целосно да ги загорзи евро-атлантските перспективи и да ја оддалечи земјата од цивилизираниот демократски свет.
Наместо да поставува услови, Груевски треба да се подготви за опозиција и да понесе одговорност за она што и го стори на Р.Македонија во изминатите години и да го остави чесното членство на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформските процеси кои носат добро за сите.
Новата Влада ќе ги придвижи интеграциските процеси и повторно ќе ги отвори евро-атлантските перспективи коишто Груевски ги кочеше 11 години.
Скопје, 25.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА