fbpx

Битиќи до Кочоска: Не ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денес во Собранието се случи срамен чин на непочитување и дискриминација изговорени од страна на министерката за финансии. Настан којшто не е само личен напад до пратеничката Петровска, туку напад и до достоинството на сите жени, мајки, работнички, борци за правда и еднаквост во ова општество, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Во продоложение, интегрален текст од реакцијата на Битиќи по срамното и понижувачко однесување на министерката за финансии Гордана Кочоска, кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Министерката за финансии си дозволи да изрази дискриминаторски став кон пратеничка, деградирајќи ја како личност и негирајќи ја нејзината способност да зборува за животот, трошоците и предизвиците на семејствата во оваа наша држава. Со зборовите: ’Не можам да ве кажам, почитувана, за да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит’-министерката директно покажа ароганција и непочитување кон институцијата парламент, во кој секој пратеник и пратеничка е избран од граѓаните и граѓанките и имаат мандат да ја изразат нивната волја.

Ова собрание, почитувана, не е приватен клуб во кој членството зависи од личните симпатии на некој министер. Ова е демократска институција во која секој има право да зборува, без да биде понижуван.

Но, министерката отиде чекор понатаму, до обидот на наметне поделба меѓу оние што се мајки и оние што според нејзиното мислење, немаат право да зборуваат за економските проблеми на семејствата.

Ако некоја жена, не е мајка, тоа не значи дека не може да зборува за економски прашања. Ако некоја жена не е министерка, тоа не значи дека не знае како изгледа реалноста во нашата драга Македонија. Министерке, во оваа држава има илјадници мајки и знаат многу добро што значи да се преживува од месец во месец и кои се борат со зголемените трошоци, кој бројат денари за да обезбедат храна, греење, училишни материјали.

Оваа држава има илјадници жени кои не се мајки, но кој работат напорно и ги чувствуваат економските последици од вашата за жал неспособна политика. И кој не заслужуваат да бидат замолчени со вашите ставови и ароганција. Ова не е прашање само на еден недоличен напад на една пратеничка, ова е прашање каков однос има Владата кон секој граѓанин кој не се вклопува во нивните лични интереси за почитуваност.

Ова е прашање на тоа за тоа дали министрите што управуваа со милијарди евра јавни пари мислат дека граѓаните и граѓанките треба да ја заслужат нивната почит или тие треба да служат на сите подеднакво.

Почитувани, не постои дијалог таму каде што постои дискриминација. Не пости почит таму каде што се понижуваат пратенички. Министерке, ова не ваш личен простор каде можете да делите оценки за луѓето според вашата лична перцепција. Ова е собранието на Република Северна Македонија, каде ќе се борам неуморно да не се нарушува неговото достоинство со ароганција, дискриминација и понижување на било кого или која било заради нејзините различности.

Ќе не слушате, без разлика дали вие сметате дали ние заслужуваме почит или не. Почитта во оваа сала ја даваат граѓаните и граѓанките, а не министрите што денес се на функција, а утре ќе бидат само фуснота во историјата.

И затоа, министерке, јас сум Фатмир Битиќи, имам сопруга и родител сум на две деца. Ве молам, одговорете ми, дали сум достоен да ви поставам пратеничко прашање. Ова собрание не смее да бие место каде министрите делат оценки кој заслужува почит, а кој не. Почитта не е лична привилегија на еден функционер, туку вредност што треба да биде основана на секој демократски процес. Со својот изразен дискриминаторски став, министерката покажа дека на ги разбира овие принципи и затоа нема да учествувам во понатамошната комуникација со неа. Ниту ќе и поставувам пратенички прашања, иако беа подготвени две. И ова ќе остане така сè додека не се извини јавно кон навредливиот и понижувачки однос кон колешката Петровска и кон сите оние што не се вклопуваат во нејзината лична дефиниција за ’почитувана‘.

Последни вести