fbpx

Новата Влада ќе спроведе реформи за живот, неопходно е ВМРО-ДПМНЕ да се справи со очајот на Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата реформска Влада ќе го крене стандардот на граѓаните, за сите граѓани да живеат квалитетно, а не само една фамилија како досега.

Новата Влада ќе ја зголеми за 100 пати државната поддршка за домашните претпријатија и ќе овозможи реални странски инвестиции, наместо досегашните уништувачки политики во економијата.

Новата Влада ќе овозможи усогласување на пензиите со трошоците за живот, за веќе никогаш никој да не ја условува поддршката на пензионерите со партиски списоци за бања, како што тоа го правеше режимската власт.

Новата реформска Влада ќе овозможи вистинска модерна патна инфраструктура и никогаш повеќе никој не ќе може како Никола Груевски да мисли само на патчиња до свои парцели.

И ќе има нов современ Клинички центар што ќе го изгради новата Влада за граѓаните, којашто нема да ги лаже граѓаните, како досегашната несовесна власт која и на заминување само тендер спроведе, а Клинички центар 5-та година од најавата, нема.

Никола Груевски можеше да направи нешто добро за граѓаните, но тој 10 години работеше само на полнење на своите сметки во странство.

Ќе има целосна ревизија на работењето на Груевски и соработниците и одговорност за сите злоупотреби што им ги уништија животите на граѓаните.

Очекуваме разумните политичари од ВМРО-ДПМНЕ да се справат со очајните потези на Никола Груевски и како конструктивна опозиција да ги поддржат реформите што носат живот за сите во Македонија.

Скопје, 21.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести