Соопштение за јавнсост
Следува период во кој новата Влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин. Исто така ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспаретни трошења на пари на граѓаните од Буџетот на Р.Македонија што ја крахираа економијата.
Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт оставајќи јавен долг во висина од скоро 5 милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година јавниот долг изнесуваше 1.8 милијарди евра. На девизната депозитна сметка Груевски затекна над 250 милиони евра.
За сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност!
Новата и одговорна Влада ќе ја подигне економијата и транспарентно и отчетно ќе раководи со јавните финансии!
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА