Соопштение за јавнсост
Граѓаните на Р.Македонија набргу ќе ја добијат новата реформска Влада којашто детално ќе ги преиспита сите задолжувања коишто беа направени на крајно нетранспарентен начин изминативе години, а исто така ќе направи и детална ревизија на сите нетранспарентни итрошења на парите од Буџетот на Р.Македонија
Досегашната власт на Никола Груевски го издигна јавниот долг на историски највисоко ниво досега во висина однајмалку 4.7 милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година, јавниот долг изнесуваше само 1.8 милијарди евра.
Новата реформска Влада транспаретно и отчетно ќе раководи со јавните финансии и граѓаните ќе ги добијат сите потребни информации за нетранспаретните задолжувања и трошења направени изминативе години. За сите евентуални злоупотреби со пари на граѓаните ќе следува одговорност!
17.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА